ohridskoezero

Метео: Сончево со мала до умерена облачност и температура до 26. степени

Охрид, 14. јуни 2018 (ИНПРЕС) – Времето денес претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне со локална појава на пороен дожд и грмежи, особено во источните делови. Индексот на УВ зрачење има вредност 8.

Максималната температура во Охрид до 26. степени.

– Утре во текот на целиот ден времето ќе биде пооблачно со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат поројни и проследени со грмежи, а се очекува да наврне и поголема количина на воден талог. Потоа во следните денови ќе има повремен пороен дожд и грмежи, особено во попладневните часови, информираат од УХМР. (Крај)

извор: Метео фото:ИнПрес

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest