vofioka1

Со претставата „Во фиока“ отворен Младинскиот аматерски театарски фестивал „Вдиши театар“

Охрид, 14. јуни 2018 (ИНПРЕС) – Со изведбата на претставата „Во фиока“ на театарската група при охридскиот Црвен крст, синоќа започна петтото издание на Младинскиот аматерски театарски фестивал „Вдиши театар“.

Како предвесник на охридското културно лето, манифестацијата се реализира во периодот од 13-ти до 17-ти јуни во Охрид.

Настапот на театарската група беше одличен и прифатен со силен аплауз од бројната публика. Претставата „Во фиока“ е во режија на Емилија Блажеска, Весна Терзиоска и Јованка Сиона Доленц.

vofioka2– Нашите млади и талентирани актери на креативен и вешт начин не потсетија за изгубените вредности во денешницата, но и ја истакнаа надежда дека тие се само скриени „во фиока“ и дека секој од нас треба да направи исчекор за враќање на вистинските вредности, информираат организаторите.

Во рамките на втората вечер од фестивалот „Вдиши театар“, театарската група на Црвен крст Суботица, Србија вечерва, во предворјето на црквата „Св. Софија“ ќе ја изведат театарската претстава „Собирен центар“ од Душан Ковачевиќ. Претставата започнува во 21:00 часот. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest