tekvondo3-640x359

Теквондистите на ХВА РАНГ ИТФ ќе учествуваат на „Романија опен 2018″

Охрид, 14. јуни 2018 (ИНПРЕС) – Теквондо клубот ХВА РАНГ ИТФ од Лескоец утре и задутре ќе учествува на Меѓународен теквондо ИТФ „А Класа” турнир „Романија опен 2018″ во Орадеа, Романија.

Под водство на Марјанчо Лазаревски, црн појас IV дан, поранешен светски вицешампион, натпреварувачите ќе ги одмерат силите во форми и спаринг-борби поединечно, додека сениорите ќе учествуваат и за специјални техники и тест на снага.

– Се надеваме дека и овај пат нашите претсатвници ќе не престават во најубаво издание и ќе не направат да се чувствуваме горди. И овој пат благодарност до генералниот спонзор ПН Метал, кој ни овозможи учество на турнирот, вели Лазаревски.

Со учеството на турнирот во Романија, охридските теквондисти ја заокружуваат пролетната сезона. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest