premierliga

Премиерлигата го објави распоредот за новата сезона, дерби уште во првото коло

Лондон, 14. јуни 2018 (ИНПРЕС) – Премиерлигата го изврши ждребот за распоредот за сезоната 2018/19, новите возбудувања на „Островото“ започнуваат на 11-12 август со дерби помеѓу Арсенал и Манчестер Сити.

Унаи Емери ќе биде ставен на тест веќе на стартот од својата авантура на кормилото на Арсенал, стретегот за прв противник ќе го има Пеп Гвардиола и шампионскиот тим на Манчестер Сити.

Дуелот помеѓу „Топчиите“ и „Граѓаните“ е дербито на првото коло од новата сезона во Премиерлигата кое ќе биде на програмата на 11-12 август.

Овој викенд, вицешампионот Манчестер јунајтед ќе го пречека Лестер, Ливерпул е домаќин на Вест Хем, Тотенхем гостува кај Фулам а Хадерсфилд го пречекува Челси.

lwUsL-premier-league

Шампионот на Чемпионшип, Вулверхемтон се среќава со Евертон, повратниот Фулам исто така игра на домашен терен против Кристал Палас, а Кардив гостува кај Борнмут. Во последните два натпревари од отварањето на новата сезона, Саутемптон е домаќин на Барнли, а Ватфрод се среќава со Брајтон на Викариџ Роуд.

Пеколниот старт за Емери продолжува и во второто коло, кога Арсенал гостува кај градскиот ривал Челси.

Од поинтересните средби, дербито на Манчесестер е на програмата на 10. ноември, кога „Граѓаните“ ќе ги пречекаат „Црвените ѓаволи“. Тотенхем ќе го има првиот натпревар на новиот стадион вреден 850 милиони фунти во 4. коло, а противник ќе им биде Ливерпул. Лутото дерби на Северен Лондон помеѓу „Спарси“ и Арсенал е на програмата на 1. декември.

Во декември се игра и Мерсисајд дербито, на Енфилд пристигнува Евертон, а во овој месец Ливерпул го пречекува и стариот ривал Манчестер јунајтед. (Крај)

извор: 24фудбал фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest