Spanija

Нема бунт во тимот, сите Шпанци посакуваат успех во Русија

Москва, 14. јуни 2018 (ИНПРЕС) – Претседателот на Фудбалскиот сојуз на Шпанија, Луис Рубијалес, рекол дека во редовите на националниот тим не се случил никаков бунт поради отказот што му беше врачен на селекторот Хулен Лопетеги.

Шпанските репрезентативци веќе одработија тренинг со новиот селектор, Фернандо Јеро, кој до вчера беше спортски директор на репрезентацијата.

Веднаш кога Лопетеги доби отказ, одредени медиуми шпекулираа дека некои од играчите не се согласуваат со неговата смена.Рубијалес ги негира ваквите шпекулации и потенцира дека играчите имаат желба да направат голем резултат на СП.

„Ги разгледав сите опции, ги слушнав сите предлози, а одлуката е само моја. Играчите се подготвени да направат голем резултат во Русија и во тимот нема никаков бунт. Играчите работат добро. Фудбалерите на Јеро му посакаа добредојде и му порачаа дека до смрт ќе бидат со него. Исто така, тие ќе бидат со капитенот Серхио Рамос“, рекол Рубијалес.

Како Шпанците ќе се снајдат во оваа ситуација, ќе покаже веќе првиот меч што ќе го одиграат утревечер од 20 часот против Португалија. (Крај)

извор: Топспорт фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest