kradec1-640x360

Кривични за две лица од Бугарија кои ограбиле жена во „Ваикики“ во Охрид

Охрид, 14. јуни 2018 (ИНПРЕС) – Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „тешка кражба“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против бугарските државјанки Г.Г.Х.(27) и И.П.Х.(46).

– Пријавените, казненото дело го сториле на 12-ти овој месец во 19:30 часот во продавницата „Ваикики“ во Охрид. Искористувајќи згодна прилика и невниманието на лицето З.С. од Скопје, пријавените на дрзок начин од нејзината ташна што ја имала на рамо, одзеле паричник во кој имало 1.300 денари и лични документи. По наредба на Јавен обвинител и судија на претходна постапка, во СВР Охрид извршено е препознавање и претрес на пријавените при што пронајдени и одземени се предметите од кривичните дела. Тие се лишени од слобода и со кривичната пријава се предадени во Јавното обвинителство во Охрид, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest