Inigo

Мега забава со Иниго Кенеди во Струга

Струга, 14. јуни 2018 (ИНПРЕС) – Со настапите на 8 Dj-и на две сцени, овој петок Струга ќе биде храм на електронската музика со целовечерен настан во организација на Дримон Фестивал и Десонанц Фестивал.

– Покрај британскиот Dj Иниго Кенеди, ќе настапат и македонските Dj-и Андреас Херц, Клара, Митрик, Меги, Оги, Боби и Кроном. Главната сцена на која ќе настапи гостинот од Англија и нашите Андреас Херц, Клара и Митрик ќе биде сместена во големиот Хангар кој се наоѓа во комплексот од Центарот за култура „Браќа Миладоновци“ во Струга, додека на летната сцена е поместен вториот стејџ каде ќе настапат Боби и Оги до полноќ. На врата ќе може да се купат ракавици за афтер забавата на брод, за кој ќе биде организиран и автобуски превоз до локацијата каде ќе настапат Меги и Митрик, информираат организаторите.

Image result for indigo kennedy

Иниго Кенеди претставува икона во светот на електронската музика со над 100 музички изданија и две децении активна инволвираност во британската и интернационалната сцена, како и актуелно име кое често можете да го сретнете во програмите на елитните техно храмови низ светот како: Фабрик, Бергхајн, Трезори сл. Како музичар и продуцент, неговата иновативност и уникатен пристап се легендарни, со каталог на изданија на водечките техно етикети како „Токен“, „Семантика“ и неговата сопствена издавачка куќа „Асиметрик“. Долгогодишното искуство и високите стандарди на селекција ги прават неговите сетови незаборавни патувања на подиумот. Карти во предпродажба во ограничен број ќе можат да се набават преку продажните мрежи на mktickets.mk и karti.com.mk и пред почетокот на настанот. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest