soobrakajkaopsta

Во сообраќајка повреден возач на мопед

Охрид, 18. јуни 2018 (ИНПРЕС) – Вчера во 22:30 часот на крстосницата од улиците „Марко Нестороски“ и „Богомилска“ во Охрид се случи сообраќајна несреќа.

Притоа дошло до судир помеѓу патничко возило „Хјундаи“ со охридски регистарски ознаки, управувано од М.Н. (62) од Охрид и мопед „Пежо“ со охридски регистарски ознаки, управуван од И.В. (29) од Охрид. Притоа, со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот кој бил пренесен и задржан на лекување во Болницата „Св.Еразмо“- Охрид.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР-Охрид.  (Крај)

извор: МВР фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest