18_06_2018_SPORTIKULTURA_1

Успешно реализиран проектот „Спорт и култура, иднината на нашиот регион“

Охрид, 18. јуни 2018 (ИНПРЕС) – Викендов во Охрид се реализира проектот „Спорт и култура, иднината на нашиот регион“, во организација на ЈП „Билјанини извори“, а со финансиска поддршка на SWG (Regional Rural Development Standing Working Group) во соработка со ЕУ.

Проектот имаше за цел да социјализира три фудбалски клубови од три различни градови (Охрид, Корча и Струга), а притоа беа избрани универзалните социјални инструменти – спортот и културата.

IMG_20180617_094002_2

18_06_2018_SPORTIKULTURA_2

– Заедно ги посетивме Заливот на коските, стариот дел на градот и оддржавме фудбалски турнир на кој натпреварувачкиот дух имаше најмало значење за сите нас кои бевме дел од реализацијата на овој проект, велат од ЈП „Билјанини извори“. (Крај)

извор: ИнПрес фото: општина Охрид

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest