terenskadezinsekcija

ЦЈЗ ќе спроведе теристичка дезинсекција против комарци

Охрид, 19. јуни 2018 (ИНПРЕС) – Од ЈЗУ Центар за јавно здравје од Охрид информираат дека е спроведена ларвицидна дезинсекција за уништување на комаричните ларви во април и мај на водените површини во месноста Далјан, на потегот од „Андон Дуков“ до Подмолје, Студеничко блато и Белчишко блато.

Акцијата е согласно Акциониот план за ставање под контрола на вектор преносливите заболувања на територијата на општините Охрид и Дебрца.

– Првата акција за уништување на возрасни комарци ќе се спроведе во периодот од 26-ти до 28-ми овој месец, во зависност од временските услови. Со оваа теристичка дезинсекција ќе се третираат: охридското крајбрежје на потегот од селото Подмолје до комплексот „Св. Наум“, територијата на град Охрид, потегот на река Грашница, Коселска река, река Сатеска, локалитети со застојани водени површини – Белчишко блато и урбаните населби во општина Дебрца. Планирани се уште две вакви дезинсекции кои ќе се спроведат во текот на месеците јули и август, информираат од ЦЈЗ од Охрид.

Додаваат дека, со цел што поефикасно третирање и справување со комарците, на 20-ти овој месец, на соодветни локации во Охрид ќе се постават мамци за ловење на комарци со цел одредување на квалитативниот состав и докажување на евентуално присуство на инвазивните комарци на територијата на град Охрид.

komarec webВо таа насока од Центарот за јавно здравје даваат соодветни препораки до населението за заштита од комарци:

– Елиминација на гнездата за размножување: да не се оставаат отворени буриња, канти, контејнери, пловни објекти (чамци, кануа) и стари гуми по дворовите во кои може да се собира дождовница, а олуците редовно да се чистат за да се овозможи на водата; зависно од врстата на комарците доволна им е капка вода за да се размножуваат;

– Заштита од каснување: носење на соодветна облека со ракави и примена на репелентни средства во облик на лосион, аеросол спреј или крем на кожата за да ги одвратат комарците и да се избегне нивното „хранење со крв“ (крвта од организмот служи за развој и исхрана на новите ларви на комарците);

– Користење на миризливи свеќи како репелентни средства во надворешни услови (градина, двор). Овие производи се користат само во услов кога има минимални движења на воздухот;

– Инсталација на заштитни мрежи на вратите и прозорите во домот;

– Поставување на куќички за птиците во дворовите или парковите (птиците се еден вид природни предатори на комарците). Секако дека намалувањето на популацијата на комарците е помалку ефикасно, бидејќи комарците се најактивни во вечерните часови кога птиците се помалку активни. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest