Повреден градежен работник во Струга

Струга, 20. јуни 2018 (ИНПРЕС) – При изведување градежни работи во станбена зграда во изградба, односно при работа со машина за изработување на подлоги, 21-годишниот С.М. од охридското село Горенци, ја повреди десната рака.

– Инцидентот се случи околу 14:30 часот на улицата „Партизанска“ во Струга. Лицето С.М. со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во болницата „Свети Еразмо“ во Охрид, каде му биле констатирани тешки телесни повреди и бил задржан на лекување. По овластување на Јавен обвинител, увидна екипа од Полициската станица Струга и инспектор од државниот инспекторат за труд-Струга извршиле увид на местото на настанот, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива