Ногачески: Некој упорно заборава дека и општина Дебрца е дел од Охридското Езеро

Охрид, 21. јуни 2018 (ИНПРЕС) – Денес во Струга се одбележа „Денот на езерото“, на кој присуствуваа претставници на крајезерските општини Охрид, Струга и Поградец. Општина Дебрца не беше поканета, реагира градоначалникот на Дебрца Зоран Ногачески.

– Некој упорно заборава дека и општина Дебрца е дел од Охридското Езеро, дел од светското природно и културно наследство во Охридскиот регион. Добро е што присутните уште еднаш испратиле пораки за потребата од заштита на езерото, заштита на ова наше природно добро, од светско значење. Се надевам дека пораките нема да останат само празни зборови. И не само тоа. Цело е кога има се`. Нема заштита на Охридското Езеро, без заштита на Дебрца, без заштита на сливното подрачје на езерото. Нема заштита на езерото со изградба на регионална депонија во сливот на Охридското Езеро. Чиста Дебрца е conditio sine qua non (услов без кој не се може) за чисто и бисерно Охридско Езеро, реагира првиот човек на општина Дебрца. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива