Missing image

„Коцкестите“ ја понижија Аргентина и Меси

Новгород , 22. јуни 2018 (ИНПРЕС) – Хрватска со 3-0 ја понижи Аргентина за да се пласира во осминафиналето на Светското првенство и во исто време да ги стави шансите на Лео Меси и на Аргентина за пласман на чиста теорија.

Аргентина се надеваше дека ќе може да се крене по разочарувачкото 1-1 реми со Исланд, меѓутоа покажа лоша и неконцентрирана игра, посебно во одбраната, а Меси имаше посебно слабо прво полувреме во кое беше непрепознатлив на теренот.

Од друга страна, Хрватска има две победи од два меча за да биде блиску до осминафиналето со една од најголемите победи во историјата на „коцкестите“. Денеска во вториот меч од второто коло во групата, Исланд ја пречекува Нигерија и од овој резултат ќе зависи дали Аргентина ќе има шанси за пласман.

Вчера Франција со 1-0 го победи Перу додека Данска и Австралија изиграа 1-1.Денеска освен дуелот Исланд-Нигерија ќе играат Бразил-Костарика и Србија-Швајцарија. (Крај)

извор: Макфакс фото: архива