policijaopsta

Кривична за лице од Струга поради бесправно градење

Струга, 22. јуни 2018 (ИНПРЕС) – Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против 41-годишнито В.Ф. од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“.

– Во текот на 2018 година пријавениот, како инвеститор, на катастарска парцела во Струга, на улица „Кеј 8-ми Ноември“, започнал да врши надградба на објект за индивидуално домување, спротивно на одобрението за градба и основниот проект, за што при извршен инспекциски надзор било донесено решение за отстранување  на градбите, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest