noz-1-640x360

Стружани со нож решавале недоразбирања, пoвредено едно лице

Струга, 25. јуни 2018 (ИНПРЕС) – Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“, надворешната канцеларија за криминалистички работи од Струга, до надлежното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против 32-годишниот М.М. од струшкото село Радолишта.

Казненото дело тој го сторил на 17-ти овој месец на локален пат пред селото Долна Белица кога со патничкиот автомобил што го управувал и` го попречил патот на 19-годишната Б.И. по што се случила вербална расправија со 23-годишниот Ш.К. кој бил повикан на местото на настанот. Меѓусебна расправија набрзо прераснала во физичка пресметка, по што,  во еден момент М.М. со нож го прободил Ш.К. во пределот на слабината, и му нанесол телесна повреда. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива     

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest