krvodaritelli-640x360

Добар одзив на крводарителската акција во ОСУ „Св. Климент Охридски“

Охрид, 26. јуни 2018 (ИНПРЕС) – Задоволителен одзив имаше на денешната крводарителска акција, што се реализира во просториите на ОСУ „Св. Климент Охридски“.

До 12:00 часот драгоцената течност ја дарувале 17 лица. Од охридскиот Црвен крст се надеваат дека до крајот на акцијата ќе стигнат до бројка од собрани 20 единици крв.

Денешната акција е во насока на обезбедување доволни количества крв и крвни продукти за потребите на охридските здравствените установи во пресрет на летната сезона.

Следна крводарителска акција ќе биде онаа традиционалната на Плаошник, на 9-ти август, на празникот на Свети Климент Охридски. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest