policija6-640x360

Лице од струшко Лабуништа обвинето за „силување во обид”

Струга, 30. јуни 2018 (ИНПРЕС) – Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „силување во обид”, Секторот за внатрешни работи Охрид, до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против 44-годишниот С.Г. од струшкото село Лабуништа.

– Казненото дело тој го сторил на ден шести овој месец околу 12:30 часот во патничко комбе кое сообраќало на релацијата Струга-Охрид. Во момент кога комбето застанало на постојка на улицата „Гоце Делчев“, пријавениот започнал да ја допира по телото сопатничката која била на соседното седиште. По нејзините бурни реакции, С.Г. веднаш го напуштил комбето и избегал. По преземени мерки, СВР Охрид го пронајде можниот сторител по што беше извршено негово препознавање од страна на оштетената, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest