zivkocingo

Објавен конкурсот за наградата „Живко Чинго“

Охрид, 2. јули 2018 (ИНПРЕС) – Распишан е конкурсот за најдобар расказ, по повод традиционалната културна манифестација „Вечер на Живко Чинго“.

Право на учество на конкурсот со свој расказ има секој полнолетен граѓанин на Република Македонија.

Трудовите терба да се доставуваат во печатена форма, во три примероци, под шифра, на адресата на Општина Охрид. Краен рок за доставување на расказите е 31-ви јули, а резултатите ќе бидат објавени најдоцна до 8-ми август.

Наградата за најдобар расказ е една и изнесува 30.000 денари, а истата ќе биде врачена на културната манифестација „Вечер на Живко Чинго“, која во негова чест традиционално, секоја година се одржува во неговото родно село Велгошти. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest