policijaopsta

Во сообраќајка повреден 25-годишен мотоциклист од Охрид

Охрид, 4. јули 2018 (ИНПРЕС) – Во текот на вчрашниот ден, на регионалниот пат село Трпејца – село Отешево, охридско, се случила сообраќајна незгода во која е потешко повредено едно лице.

– Незгодата се случила помеѓу мотоцикл „Сим-јет“ со охридски регистарски ознаки, управувано од страна на 25-годишниот Д.Ц. од Охрид и патничко возило „Фолксваген Пасат“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 37-годишниот Т.П. од битолското село Карамани. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот кој бил пренесен во болницата „Св. Еразмо“ од каде бил пренесен во Клинички центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Охрид, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest