hellleto20181

Левески: Во Македонија допрва доаѓа времето на видео блоговите

Охрид, 4. јули 2018 (ИНПРЕС) – Илија Трале Левески и Илија Аврамоски, момчињата кои ова лето секојдневно ќе ни ја презентираат „Hell летната патрола“, поддржана од „Тамаро“, а комплетно осмислена од креативниот тим на Супер радио, денешни гости во „Радио Корнер“.

Илија и Илија ќе ни ги доловат сите летни настани, на најпознатите охридски плажи, но и сите вечерни настани. Видеата можете да ги следите нa нашите портали Ohrid Press и Inpress и секако на социјалните мрежи на Супер радио, „Тамаро“ и порталите. Ова лето – Hell Yeah со Hell Energy drink, велат во денешното интервју.

Супер радио: Во продукција на Супер радио и „Тамаро“ маркетите, а за клиентот Hell Energy деновиве стартуваше „Hell летната патрола“. Да им кажеме на сите наши читатели и слушатели на Супер радио за каква патрола станува збор?

Левески: Јас и Аврам ова лето секојдневно ќе одиме на секое место каде што има интересни настани ова лето во Охрид. Идејата е преку секојдневни видеа да ги презентираме најинтересните настани кои се случиле во Охрид во текот на претходниот ден, да препорачаме кои се најдобрите настани ова лето што не смеат да се пропуштат. Преку видеата сакаме да ја доловиме атмосферата на настаните итн. За да го реализираме сето тоа имаме поддршка од охридските „Тамаро“ маркети и енергетскиот пијалок „Hell“. Блоговите наједноставно речено ќе го содржат летното секојдневие на градот видено низ наша перспектива.

hellleto20182Супер радио: Кога официјално започна проектот, а вие почнавте со снимањето на видео блоговите и како Ви оди до сега?

Аврамоски: Блоговите до сега ги снимаме со полна пареа, загреани сме и нестрпливи околу сето она што ќе биде дел од летово. Првиот блог го снимивме на први јули, до сега имаме направено три, а четвртото видео што денес го снимаме ќе го гледате утре. За да ја комплетираме целата авантура, ќе треба да снимиме околу 60 видео блогови. Инаку едно видео ни трае од 10 до 15 минути.

Супер радио: Ова звучи забавно, но сепак не е едноставно и бара многу енергија. Како ќе го издржите темпово, 60 дена „милион“ настани?

Левески: До сега имаме многу, многу добра енергија, а неа секојдневно ја добиваме од „Hell“ енергетскиот пијалок. Супер радио и „Тамаро“ маркетите ја препознаа суштината на се` она што сакаме да го направиме преку видео блоговите. „Работиме“ и во недела и апсолутно ни е потребна енергетска поддршка, затоа и денот и видео блоговите ни почнуваат со „Hell“.

Супер радио: Што те инпирираше да почнеш да правиш видео блогови, колку досега имаш направено и се сеќаваш ли на првиот?

Левески: Првото видео што го направивме беше за една претходна наградната игра на „Тамаро“ во која ја освоивме првата награда – патувањето за двајца, во која требаше да се изработи креативно видео во кое ќе има некој „Винчини“ производ. Одамна имав желба да снимам видео блогови, а тој момент ми беше мотивација. Бевме на патување, направивме видео блог и од патувањето, а до сега имаме снимено околу 20-тина други видеа.

hellleto20183Супер радио: Веќе станувате популарни на интернет, какви се реакциите на луѓето околу вас по последните видеа кои ги објавувате?

Аврамоски: Оние кои ги познаваме ни даваат позитивни коментари, прекрасни се нивните реакции, но и коментарите на YouTube од оние кои лично не ги познаваме. Генерално коментарите се позитивни и имаме одлична поддршка. Сето тоа не поттикнува и инспирира да продолжиме со работа и на овој начин да ја пренесме приказната за охридкиот летен живот.

Супер радио: Го препознавате потенцијалот на видео блогот. Дали сметате дека во Република Македонија тие се доволно актуелни? Дали видео блогот е иднината на изразувањето?

Левески: Видео блоговите во светот се многу популарна форма на изразување со огромен потенцијал, а кај нас во Македонија допрва доаѓа тоа време.

Супер радио: Како наједноставно да ве следат луѓето на кои им се допаѓа вашата  „Hell летната патрола“?

Аврамоски: Сите можат да ги следат нашите дневни авантури преку порталите ohridpress.com.mk, преку inpress.com.mk, а се разбира се дружиме и преку Супер радио. bistrocorner1

Емисијата „Радио Корнер“ се емитува секој работен ден од 12:00 до 14:00 во живо од Bistro Corner. Водител е Александра Алексијевска. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest