balkanskiopsto

Вечерва на Балкански фестивал настапи на ансамбли од Елбасан, Ресен и Скопје

Охрид, 5. јули 2018 (ИНПРЕС) – Синоќа во охридскиот Центар за култура „Григор Прличев“ свечено беше отворено 57-то издание на Балканскиот фестивал на народни песни и игри, најстарата фолклорна манифестација на Балканот.

По традиција целовечерен настап, со ора и песни, имаше Националниот ансамбл на народни игри и песни од Македонија „Танец“.

Вечерва според програмата ќе настапат три ансамбли. Најпрво ќе се претстават играорците од  Ансамблот „Денс плус фолк“ од Елбасан, Албанија, кој ќе го изведат „Танцот на Елбасан”. По нив следува КУД „Кардашик“ од Ресен, со „Учајик“ и „Мастика“. Втората фестивалска вечер ќе ја заокружат играорците од  Фолклорното студио „Блажевски“ од Скопје, кои ќе се претстават со: „Посеље“, блок изворни песни, Поречки игри, „Оркестарско оро“ и „Пијанец“.

Почетокот е од 20:00 часот, а годинава Балканскиот фестивал се одржува во Центарот за култура. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest