gradiste2opsta-640x357

Четири атрактивни охридски плажи добија концесионери

Охрид, 5. јули 2018 (ИНПРЕС) – Четири од понудените пет супер атрактивни плажи на првата езерска линија по вчеравната јавна лицитација добија концесионери, додека една ќе оди на повторна аукција.

На електронската аукција учествуваа вкупно 14 понудувачи, од кои само 9 ги исполнуваа условите, останатите пет се одбиени поради непотполна документација, информира за Супер радио и ОхридПресс портпаролот на општина Охрид, Томе Џамтоски.

– Успешно е завршена лицитацијата за плажите Канео и Потпеш и за Куба Либре и Кадмо. А за плажата Бела Виста (Амброзија) немало пријавени наддавачи. За разлика од претходни години, наемот сега беше многу повисок. Сега тече законскиот рок за поднесување приговори, по што ќе бидат објавени и имињата на концесионерите, потенцира Џамтоски.

Според неофицијалните податоци во следните пет години плажата Потпеш ќе има нов сопственик, додека на плажите Канео, Куба Либре и Кадмо остануваат досегашните концесионери.

pozarpateka1

Законодавецот предвидува посебна постапка доколку на некоја од плажите дојде до смена на закупците, пред сеж во делот на изградените објекти на плажата, а спорна е и формулацијата „враќање во првобитна состојба“, особено ако се има во предвид дека на дел се изградени и делови од камен, покриени и застаклени објекти, надворешните делови се хортикултурно уредени, поставена е соодветна надворешна и внатрешна опрема и слично.

Во однос на законските одредби, комисијата која го спроведе лицитирањето е должна во рок од три работни дена по завршување на постапката од јавното наддавање да достави барање за мислење до Државното правобранителство на Република Македонија по однос на нацрт-текст на договорот за краткотраен закуп на градежното земјиште сопственост на Република Македонија со намена плажа. Државното правобранителство е должно да достави мислење во рок од 30 дена од добивањето на барањето за мислење. По прибавување на позитивното мислење од Државното правобранителство на Република Македонија, Комисијата во рок од три работни дена до најповолниот понудувач доставува известување за избор на најповолен понудувач.

Најповолниот понудувач е должен во рок од 15 дена од добивањето на известувањето да ги уплати
средствата согласно постигнатата крајна цена од наддавањето на годишната закупнина и до Комисијата да достават доказ за извршената уплата, целокупната документација потребна за учество на јавното наддавање (во оригинал или копија заверена на нотар).

Договорот за краткотраен закуп на градежното земјиште сопственост на Република Македонијае со намена плажа во име на Република Македонија го склучува Градоначалникот на општина Охрид во рок од пет работни дена по доставување на доказ за извршената уплата. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest