balkanskiopsto

На Балканскиот фестивал вечерва македонски, српски и албански ансамбли

Охрид, 6. јули 2018 (ИНПРЕС) – Трета вечер на Балканскиот фестивал на народни песни и игри. Ќе бидат претставени македонскиот, српскиот и албанскиот фолклор.

Прв ќе настапи фолк ансамблот „Карановац“ од Србија со: Белградска посевина, Игри на црните треви и Вражиту во Кобишница. По нив следува КУД „Илинден” од Демир Хисар со кореоргафиите „Лазаренки“ и „На сред село“.
„Денс плус фолк“ од Албанија ќе се претстави со машки танц, по што следува настапот на  КУД „Бисер“ од Кичево со кореографија „Копачија“; сплет од „Свекрвино оро“, „Четворка“, „Малесора“ и песната „Ангелино моме“. Третата фестивалска вечер ќе биде заокружена со настапот на  фолклорниот ансамбл „Тиквеш“ од Кавадарци со игри и песни од Преспа.

Почетокот е во 20:00 часот, во центарот за култура „Григор Прличев“. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest