vlatko-ilieski

Пејачот Влатко Илиевски пронајден мртов во својот автомобил

Скопје, 7. јули 2018 (ИНПРЕС) – Македонскиот пејач Влатко Илиевски вчера бил пронајден мртов во неговиот автомобил во Скопје, потврдија од МВР за „Макфакс“.

Teлото на пејачот било најдено по анонимна дојава, синоќа во 23:00 часот, а засега нема информации кои се причините за смртта.

Илиевски со години беше дел од групата „Морал“. Во 2011-та година, со песната „Русинка“, ја претставуваше Македонија на евровизиската сцена.

извор: Макфакс фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest