benzin

Поскапуваат бензините и дизелот

Скопје/Охрид, 9. јули 2018 (ИНПРЕС) – Од полноќ ново поскапување на нафтените деривати.

Според најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика бензините поскапуваат за еден денар, додека дизелот и екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за половина денар.

Новата цена на Еуросупер БС – 95 ќе биде 72 денари, додека литар Еуросупер БС – 98 ќе чини 74 денари.

Малопродажната цена на Еуридизелот (Д-Е V) ќе биде 64 денари, а на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1)  52,50 денари.

Се зголемува цената и на мазутот М-1 НС, кој од полноќ ќе чини 34,711 ден/кг. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest