atletika-1-640x360

Осум медали за членови на АК „Охрид“ на Националното поединечно атлетско првенство за сениори/ки

Охрид, 10. јули 2018 (ИНПРЕС) – Атлетскиот клуб „Охрид“ постигна завидни резултати на Националното поединечно атлетско првенство за сениори/ки за 2018 година, што викендов се одржа во Охрид.

Членови на нашиот клуб освоија дури осум медали, од нив два златни, три сребрени и исто толку бронзени.

Стефан Стефановски се закити со четири медали. Тој беше најдобар во дисциплината фрлање диск, беше втор во фрлање копје, а како третопласиран заврши во дисциплините ѓуле и кладиво.

atletika 5

Емилија Лазороска освои злато во дисциплината трчање на 1500 метри, Марија Јованоска заврши како третопласирана во трката на 100 метри, а беше втора на 200 метри. Блаже Љушев беше втор кај мажите во скок во далечина.

atletika 2

atletika 4

atletika 6

Иако целата екипа составена од младинци и пионери, уште еднаш покажаа дека можат да се носат рамо до рамо со сениорите.

Овој натпревар беше кавлификациски, за престојното Балканско првенство за сениори кое ќе се одржи на 21-ви и 22-ри јули во Стара Загора, Бугарија. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest