vladasednica

Владата го разреши Арменд Шаќири, директор на струшкиот затвор

Скопје/Струга, 10. јули 2018 (ИНПРЕС) – Владата на денешната 78-седница го разреши Арменд Шаќири од должноста директор на КПУ – Казнено поправен дом од отворен вид Струга.

Како што соопштија од владината прес-служба, одлуката за разрешувањето на Шаќири е донесена на негово барање.Неофицијлано, разрешувањето доаѓа по големата полициска акција изминатиот викенд во Струга, во која беа уапсени дилери на дрога и полициски инспектори.

Првично имаше информација дека бил привиден и директорот на затворот Шаќири, под сомнение за можна злоупотреба на службената положба со поддржување нелегални активности.

Во полициската акција од канцеларијата на директорот во затворот биле одземени документи. (Крај)

извор: Влада на РМ фото: Влада на РМ

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest