IMG_7632-640x360

Трета „Златно Светско со Златен даб“ забава во „Тамаро“ (Фото/Видео)

Охрид, 10. јули 2018 (ИНПРЕС) – И повторно многу пиво, насмевки, одлична музика и супер забава во рамките на третата забава од новиот заеднички проект „Златно Светско со Златен даб“ на „Тамаро“ и Златен даб.

Тимот на Супер радио, предводен од Жанко ЗШ Голабоски и Dj Regie Rules, на посебно уредениот простор пред маркетот на „Тамаро“ во склоп на фабриката „Братство“ приреди вистинско мини „Светско првенство“.

– Нашите купувачи од самиот почеток на проектот вредно собираат жетони со секое купено Златен даб пиво во нашите маркети. Голем дел од нив ни беа гости на нашата забава и постигнуваа голови на посебно прилагодениот „фудбалски терен“. Тука беа и нашите ѕвезди Роналдо, Меси и Нејмар со кои се сликавме, а поделивме и многу награди. Тука секако имаше и многу најдобро Златен даб пиво за натпреварувачите. Нашата интенција е да ги следиме сите настани кои се интересни за нашите купувачи и да внесеме свежина и многу забава, секако во комбинација со нашите најдобри и најповолни понуди, велат од „Тамаро“.

Веќе традиционално, Златен даб како најдобро пиво за најдобрите пријатели, во соработка со водечките охридски „Тамаро“ маркети, организираат заедничко следење на најинтересните спортски натпревари, во комбинација со многу забава, а секако и награди за сите учесници. Така ќе биде и со најинтересните натпревари од тековното Светско фудбалско првенство во Русија.

Следната ваква дружба е веќе утре, 11-ти јули, кога во големиот маркет на „Тамаро“ на улицата „АСНОМ“, во населбата Бејбунар, заеднички ќе го следиме вториот полуфинален натпревар помеѓу Хрватска и Англија во рамките на ова супер атрактивно фудбалско Светско првенство.

– Се` што треба да направите е да купите пиво Златен даб во било кој од нашите маркети и веднаш добивате посебен жетон, со кој можете да бидете дел од забавите, додаваат од „Тамаро“.

Од „Тамаро“ најавуваат уште едно супер атрактивно лето исполнето со многу акции, промоции и интересни проекти. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest