cetkarjuli2018-612x360

Концерт на Владимир Четкар на 20-ти јули на плажа „Бонанца“

Охрид, 11. јули 2018 (ИНПРЕС) – Еден од нашите најдобри гитаристи, охриѓанецот Владимир Четкар на 20-ти јули ќе настапи на плажата „Бонанца“ во Охрид.

Владимир Четкар ќе настапи во секстет постава која ја сочинуваат Трајко Велков на труба, Борислав Веселинов на тенор саксофон, Филип Стевановски на тромбон, Ѓоле Максимовски на бас и Виктор Филиповски на тапани. Концертот ќе започне во 19:00 часот, а гледачите освен во музиката ќе можат да уживаат и во прекрасното охридско зајдисонце.

Билети за концертот се продаваат по симболична цена од 200 денари на плажата „Бонанца“ и ресторанот „Белведере“ во центарот на Охрид, како и во Скопје во „Чув Де Чув“. (Крај)

извор: ИнПрес фото: Миа Медаковиќ Топаловиќ

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest