Ансамблот „Танец“ го отвора 58-от Балкански фестивал на народни песни и игри

Охрид, 1. јули 2019 (ИНПРЕС) – Ансамблот „Танец“ на 5-ти јули ќе го отвори 58-то издание на Балканскиот фестивал на народни песни и игри.

Веќе прерасна во традиција со целовечерен концерт на нашите фолклорни амбасадори, ансамблот „Танец“ да биде отворена оваа манифестација. Годинашниот настап ќе биде ексклузивен и посебен заради чествувањето на јубилејната година, 70 години од формирање на ансамблот, дел од сезоната којашто се одвива под мотото „Остани во чекор – со минатото, сегашноста и иднината“.

58-то издание на Балканскиот фестивал на народни песни и игри ќе се одржува на сцената Долни сарај, од 5-ти до 8-ми јули. Од охридскиот центар за култура и за годинава најавуваат атрактивна програма. Покрај од земјава, учество ќе земат ансамбли и културно-уметнички друштва од Србија, Црна Гора, Бугарија и Албанија. Почетокот на настапите ќе биде од 20:30 часот, а влезот ќе биде слободен.

Инаку, Охрид уште од далечната 1962 година е домаќин на денес, една од најстарите и најреномирани културни манифестаци од овој вид кај нас и во Европа. Низ овие 58 години низ неговата програма продефилирале илјадници учесници, а целта на фестивалската манифестација е зближување на младите луѓе, размена на искуства, дружење на Балканските земји и негување на фолклорните богатства на различните народи. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива