Umtiti

Франција е првиот финалист на Мундијалот во Русија

Санкт Петербург, 11. јули 2018 (ИНПРЕС) – Франција е првиот финалист на Светското првенство во фудбал, и в недела ќе го брка вториот мундијалски трофеј, откако во натпревар со високо темпо со минимални 1:0 ги совлада инспирираните Белгијци.

Талентот на младиот француски тим беше несомнен и во надигрувањето со својот сосед на моменти не беа подобри, но на крајот „четата“ на Дидие Дешам ќе оди на втора светска слава по 1998 кога Дешам како капитен на домашен терен го донесе трофејот.

За „златната генерација“ на белгискиот фудбал, ова е неуспех, посебно откако претходно успеаја да ги елиминираат првите фаворити Бразилците.

Најдобрата шанса во првото полувреме, Франција ја има преку Павар во 40. минута, кога Куртоа со одлична реакција спасува гол.Французите дојдоа во водство во 51. минута, кога по корнер, Умтити беше повисок од Фелаини и го совлада Куртоа.

Франција ќе го чека подобриот од денешниот дуел меѓу Англија и Хрватска (20:00 часот) во големото финале в недела на „Лужники“.(Крај)

извор: Макфакс фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest