Културно-уметничка вечер во чест на Свети Наум во центарот „Култура 365“

Охрид, 2. јули 2019 (ИНПРЕС) – Вечерва, од 20:00 часот во Културно-информативниот центар „Култура 365“ ќе се одржи културно-уметничка вечер во чест на Свети Наум и на седмочисленичката дружина.

Пригодна беседа во чест на светителот, под наслов „Свети Наум на фонот на македонската културна историја“, ќе одржи Димитар Пандев. Во рамките на манифестацијата ќе има пригодни говори и песни посветени на Св. Наум.

Со овој настан започнува новата културна манифестација ЛУНУС – Летните уметнички ноќи на улица Самоилова, која ќе трае до крајот на август. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива