IMG_7736-640x360

Втора полуфинална „Златно Светско со Златен даб“ забава во „Тамаро“ (Фото/Видео)

Охрид, 11. јули 2018 (ИНПРЕС) – Во големиот маркет на „Тамаро“ на улицата „АСНОМ“, во населбата Бејбунар се одржа предпоследната забава од новиот заеднички проект „Златно Светско со Златен даб“ на „Тамаро“ и Златен даб.

Со многу Златен даб пиво, одлична музика и супер забава заеднички го проследивме вториот полуфинален натпревар помеѓу Хрватска и Англија во рамките на ова супер атрактивно фудбалско Светско првенство. Тимот на Супер радио, предводен од Жанко ЗШ Голабоски и Dj Regie Rules, на посебно уредениот простор пред маркетот приреди вистинско мини „Светско првенство“.

– Полека се приближуваме кон големото финале. Изминатиот период, од самиот почеток на првенството, нашите купувачи вредно собираат жетони со секое купено Златен даб пиво во нашите маркети. Голем дел од нив ни беа гости на нашите забави и постигнуваа голови на посебно прилагодениот „фудбалски терен“. Тука беа и нашите ѕвезди Роналдо, Меси и Нејмар со кои се сликавме, а поделивме и многу награди. Тука секако имаше и многу најдобро Златен даб пиво за натпреварувачите. Нашата интенција е да ги следиме сите настани кои се интересни за нашите купувачи и да внесеме свежина и многу забава, секако во комбинација со нашите најдобри и најповолни понуди, велат од „Тамаро“.

Веќе традиционално, Златен даб како најдобро пиво за најдобрите пријатели, во соработка со водечките охридски „Тамаро“ маркети, организираат заедничко следење на најинтересните спортски натпревари, во комбинација со многу забава, а секако и награди за сите учесници. Така ќе биде и со најинтересните натпревари од тековното Светско фудбалско првенство во Русија.

Следната ваква дружба е на 15-ти јули, кога во маркетот на „Тамаро“ во склоп на фабриката „Братство“ ќе го проследиме големото финале на ова супер атрактивно фудбалско Светско првенство.

– Има уште време. Купете Златен даб пиво во било кој од нашите маркети и веднаш добивате посебен жетон, со кој можете да бидете дел од забавите, додаваат од „Тамаро“.

Од „Тамаро“ најавуваат уште едно супер атрактивно лето исполнето со многу акции, промоции и интересни проекти. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest