voda-640x360

Делови од Охрид до пладне без вода

Охрид, 12. јули 2018 (ИНПРЕС) – Делови од Охрид претпладнево се без вода.

Поради интервенција на водоводната мрежа прекин во водоснабдувањето има на улицата „Кеј Македонија“ на потегот од улицата „АСНОМ“ до крстосницата со улицата „Јане Сандански“ и на дел од улицата „Партизанска“ до населбата Охридати, информираат од МЈП „Проаква“ Р.Е Водовод Охрид.

Прекинот ќе трае до 12:00 часот. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest