Anderson

Федерер елиминиран од Вимблдон,судир на Надал и Ѓоковиќ во полуфиналето

Лондон, 12. јули 2018 (ИНПРЕС) – Роџер Федерер ги разочара своите фанови откако беше елиминиран од Кевин Андерсон во четвртфиналето на Вимблдон иако имаше водство од 2-0 во сетови.

Јужноафриканецот Кевин Андерсон ја забележа најголемата победа во кариерата совладувајќи го Федерер со 2:6/6:7/7:5/6:4/13:11, прекинувајќи ја неверојатната низа на Швајцарецот во уште поневеројатен меч на „Теренот број 1“ на Вимблдон.Во полуфинале Андерсон ќе игра против Џон Ишнер кој со 3-1 во сетови го победи Милош Раониќ.

Сепак, неофицијалното светско првенство во тенис во своето полуфинале ќе донесе спектакл бидејќи се среќаваат Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ. Шпанецот во пет сета успеа да го совлада Хуан Мартин дел Потро и го продолжи сонот за нова Гренд слем титула, додека Ноле претходно, без проблеми го елиминира Нишикори.

Нивната пресметка во полуфиналето в петок ќе биде 52. меѓусебен дуел. Ѓоковиќ води со 26-25, но последните два натпревара му припаднаа на Надал.

Нивниот меч ќе биде прв на Гренд слем турнир по пауза од три години, односно по полуфиналето на Ролан Гарос во 2015. (Крај)

извор: Спортклуб фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest