Eva

11-годишната охриѓанка Ева има потреба од итна операција во Германија

Охрид, 12. јули 2018 (ИНПРЕС) – Потребни се средства за помош на 11-годишната наша сограѓанка Ева Крстаноска, која боледува од леукемија и мора итно да и се изврши оперативен зафат во Германија.

– Лекувањето на нашата Ева во Германија е се` уште неизвесно. И покрај нашето инсистирање за лекување на Ева во клиника во Германија, фондот одобрува 145.000 евра за лекување во Турција. На поднесената жалба за пренасочување на одобрените средства за лекување на клиника во Германија, веќе недела дена немаме повратен одговор од Фондот за здравство. За Ева секој ден е борба, секоја минута е многу важна, стои во известувањето од родителите.

Се молат сите хумани луѓе да помогнат, да се обезбедат потребните парични средства за лекување на Ева. Може да се донирате на следните телефонски броеви:

143 116 ТЕЛЕКОМ
143 502 ВИП

извор: WebOhrid фото: WebOhrid

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest