VradarPjunik

Лига Европа: Вардар загуби од Пјуник

Ереван, 13. јули 2018 (ИНПРЕС) – Фудбалерите на Вардар со пораз ја почнаа новата сезона во европските купови. Бчера во главниот град на Ерменија, Ереван, Вардар загуби во првиот меч од првата квалификациска рунда во Лига Европа, од Пјуник, со 1:0.

На европската премиера во новата сезона фудбалерите на Вардар не блескаа, речиси и не се заканија кон голот на противникот, а Пјуник победи со случаен и среќен гол,голот го постигна Конате во 28. минута.

Реваншот во Скопје, на кој на Вардар му е потребна победа од два гола разлика, ќе се одигра на 19 јули. (Крај)

извор: Макфакс фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest