mladi-rakometari20

Младите ракометари ја совладаа Црна Гора во првата контрола

Скопје, 13. јули 2018 (ИНПРЕС) – Ракометната репрезентација на Македонија до 20 години имаше успешен прв тест, пред турнирот во Европскиот шампионат кој треба да се одигра во Скопје, овој месец.

Избраниците на Данило Брестовац ја надиграа Црна Гора со 31-28 и покажаа дека го држат вистинскиот курс на подготовките пред ЕХФ-шампионатот.

Ова беше прва од двете предвидени пријателски средби во Маврово, втората ќе се одигра денеска во 17 часот.

Македонија ќе биде домаќин на еден од двата турнира во ова натпреварување од европскиот Б-ешалон. Вториот ќе го организира токму Црна Гора. Ќе бидеме фаворити во група со Италија, Швајцарија, Украина и Велика Британија, а ќе почнеме токму против Британците на 20 јули. (Крај)

извор: Спорт1 фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest