sovet1

Продолжено работното време на угостителските објекти

Охрид, 13. јули 2018 (ИНПРЕС) – Охридските советници донесоа одлука за продолжување на работното време на угоститеските објекти со и без исхрана.

Согласно одлуката работното време се продлжува за еден час во петоците и саботите, како и на државните празници.

– За еден час се продолжува работното време во деновите: 20,21,27 и 28-ми јули, 2,3,4,10,11,17,18,24,25,28 и 31-ви август, 1,7 и 8-ми септември, 11-ти октомври, 7,8 и 9-ти декември, информираат од локалната самоуправа.

Со влегувањето во сила на оваа одлука, престанива да важи Одлуката на охридскиот Совет од 19-ти јуни 2017 година.

Со одлуката, се задолжува општинскиот инспекторат согласно Законот за заштита од бучава во животната средина, да врши континуирано мерење на бучавоста од угостителските објекти и доколку истите не се придржуваат до законски дозволената гранична вредност да следуваат прекршочни санкции согласно Закон. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest