Полагање за појаси во Таеквон-до клубот „Хва Ранг ИТФ“

Охрид, 16. јули 2018 (Inpress) – Во спортската сала на Таеквон-до клубот „Хва Ранг ИТФ“ од Лескоец, Охрид викендов се одржа полагање за појаси во организација на Македонската ИТФ, при што младите спортисти демонстрираа врвна техника.

– Младите спортисти беа одлично подготвени за полагањето, се покажаа во најдобро светло и ги заслужија појасите со покажана врвна техника. Сите беа во одлична кондиција, тестот на снага и специјалните техники ги одработија перфектно, со што можеме да се пофалиме дека имаме перспективни и надежни спортисти кои секој ден се подобри и подобри, што веќе го докажаа на бројни меѓународни ИТФ турнири. За сите овие успеси му изразуваме голема благодарност на нашиот генерален спонзор, охридската компанија „ПН Метал“, информираат од „Хва Ранг ИТФ“.

Додаваат дека нивниот член Давид Крстески се закити заслужено со црвен појас, со што го исполна и последниот критериуим за учество на Европското Таеквон-до ИТФ првенство кое ќе се одржи во Римини Италија, а каде тој ќе ги брани боите на Република Македонија.

– Крстески е освојувач на многу награди и е најдобар во својата категорија на Балканот и пошироко. Нашиот клуб е побогат со 9 жолти појаси, кои сега исполнуваат норма за натпревари и се потенцијални нови натпреварувачи и во иднина се надеваме дека и тие ќе не радуваат со успеси, вели Марјанчо Лазаревски, претседател на Македонската ИТФ и престедател на Таеквон-до клубот „Хва Ранг ИТФ“ од Лескоец, Охрид.

Освоени повисоки појаси:

– Давид Крстески – црвен појас
– Христијан Митрески – црвен појас
– Давид Велковски – плав виши појас
– Јане Димов – плав појас
– Марио Крстески – плав појас
– Филип Трифуноски – плав појас

извор: Inpress фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest