zrk-metalurg-640x360

ЖРК Металург доби тежок противник во ЕХФ Купот

Виена, 17. јули 2018 (Inpress) – Вицешампионот на Македонија, ЖРК Металург ќе има пеколна тешка задача во првото коло од ЕХФ Купот, противник ќе им биде Иси Париз од Франција.

Денешната ждрепка во Виена не беше наклонета за ЖРК Металург, вицешампионот на Македонија доби тежок противник.

Тимот од Автокоманда во првото коло од ЕХФ Купот ќе играат против Иси Париз од Франција, противникот минатата сезона беше дел од групната фаза.

Првиот натпревар на програмата е на 8/9 септември, а реваншот се игра една седмица подоцна. (Крај)

извор: МКД фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest