Wrocław-Baroque-Ensemble

Полска вечер на „Охридско лето“ со настап на Вроцлавскиот барокен ансамбл

Охрид, 18, јули 2018 (Inpress) – Во рамките на традиционалната Полска вечер на фестивалот „Охридско лето“ вечерва во црквата „Св. Софија“ ќе настапи Вроцлавскиот барокен ансамбл.

Диригент на вечерта е маестро Анджеј Косендиак, а како солисти ќе се претстават сопранот Алдона Бартник, контратенорот Пјотр Ликовски, тенорот Бенјамин Глаубиц и бас/баритонот Јержи Бутрин. На репертоарот ќе бидат дела од Гжегож Гервази Горчицки и Станислав Силвестер Шажињски.

Концертот е со почеток во 21:00 часот.

Вроцлавскиот барокен ансамбл е основан од Анджеј Косендиак, кој во исто време е  и уметнички директор и диригент на овој состав. Ансамблот е постојано активен и соработува со музичари од Вроцлавскиот барокен оркестар, како и со голем број други изведувачи од Полска и Европа. На нивниот репертоар, пред сè,  е барокната музика со особен акцент на онаа од полските композитори. Покрај камерните дела, ансамблот често изведува и ораториуми и кантати. Досега се претставил на најголемите фестивали во Полска, има издадено неколку компакт-дискови, од кои значајни се оние со музика на полскиот композитор Гжегож Гервази Горчицки. (Крај)

извор: Inpress фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest