numbtribute-640x360

Време е за NUMB – Tribute to Pink Floyd, продажни места за купување на билети по цена од само 250 денари

Охрид, 20. јули 2018 (Inpress) – Четврток, 26-ти јули, сцената на „Долни сарај“ во Охрид ќе биде вистинската локација за сите љубители на квалитетна музика. Точно во 22:22 часот е закажана премиерата на проектот посветен на музиката на една голема група, NUMB – Tribute to Pink Floyd.

Зад проектот стои екипа од 11 музичари од Охрид и Струга кои се веќе добро познати во јавноста. Димитри Алчев (гитара и вокал), Анатоли Арнаудоски (гитара), Ѓорѓи Калајџиевски (тапани), Владимир Кречоски (бас гитара), Никола Јосифоски (синтисајзери), Ангелко Јовчески (перкусии), Горан Папазоски (саксофон), Ѓоко Танески (вокал) и Ана Костадиновска, Сара Николовска и Весна Илиќ Павловска како пратечки вокали. Ќе се изведат некои од највредните дела на култните Pink Floyd. Тука се „Shine on your crazy diamond“, „Learning to fly“, „Hey you“, „Another brick in the wall“ и уште 12 безвременски хитови, кои го одбележаа музичкиот карактер и насока на една цела генерација.

Билети по рекламна цена од само 250 денари преку продажната мрежа на Купи Карти За Се и во сите маркети на „Тамаро“ во Охрид и Струга. По истата цена билетите се продаваат и во Music Shop ZZ Top, Bistro Corner, NOA, Летница, Aquarius и тезга „Аждер“ во центарот на градот. (Крај)

извор: Inpress фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest