vmroohridlogo

ВМРО-ДПМНЕ: Охриѓани година и повеќе не добиja обештетување за штетите од земјотресите

Охрид, 24. јули 2018 (Inpress) – За СДСМ зборот беше збор, а за граѓаните ќе дојдеше живот. Ниту зборот е збор, ниту дојде живот туку партиските интереси се ставени пред интересите на граѓаните, реагираат од ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид.

– Охриѓани по цела една година и повеќе не добиле обештетување за штетите од земјотресите. Нема ниту денар, ниту пак солидарност за граѓаните. Зошто Владата нема донесено одлука дали и во колкав процент ќе ги обештети охриѓани кои претпреа големи штети на нивните домови? Градоначалникот Стојаноски свесно манипулира со граѓаните, велејќи дека тоа ќе било до крајот на летото, а со тоа го пролонгира датумот, крајот на месецот април, којшто беше претходно ветен од Владата. Зошто исплатата на средствата на граѓаните се пролонгира? За една година се покажа вистинското лице на СДСМ и пратениците од Охрид, Томислав Тунтев и Жаклина Лазаревска коишто пак претходно не го прифатија интервентниот амандман од 2 милиона евра со цел за располагање на граѓаните коишто претрпеа штети. ВМРО-ДПМНЕ бара од СДСМ да покаже совест и грижа за граѓаните и паричните средства во најкус можен рок да бидат исплатени на граѓаните, стои во партиското соопштение. (Крај)

извор: ВМРО-ДПМНЕ фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest