Трајковски во преговори со Спортинг Лисабон

Лисабон, 10. јули 2019 (ИНПРЕС)Александар Трајковски се наоѓа пред трансфер во еден од најпопуларните португалски клубови, Спортинг од Лисабон, каде за соиграч ќе го има колегата од репрезентацијата на Македонија, Стефан Ристовски.

Според италијанските медиуми кои ја презедоа информацијата што ја објави новинарот Алфредо Педула, Португалците веќе ги започнале преговорите и не ја исклучуваат можноста трансферот да биде завршен во текот на денот.

Спортинг сметале дека Трајковски може да биде вистински наследник на Бруно Фернандеш кој се наоѓа пред трансфер во Манчестер Јунајтед.

Целиот текст тука

извор: Топспорт фото: архива