MMF-640x360

Милион отсто инфлација во Венецуела до крајот на годината

Вашингтон, 25. јули 2018 (Inpress) – Меѓународниот монетарен фонд проценува дека до крајот на годината инфлацијата во Венецуела ќе достигне еден милион отсто. Властите во Каракас продолжуваат да печатат пари за да ја покријат сè поголемата дупка во буџетот.

Кризата во Венецуела може да се спореди со онаа во Германија во 1923 година или во Зимбабве кон крајот на 2008 година, изјави Алехандро Вернер од ММФ, пренесува „Блумберг РТС“.

Вернер исто така предвидува дека економијата на Венецуела во 2018 година ќе забележи пад од 18 отсто, пред сè како резултат на значителното намалување на производството на нафта.

Падот на економската активност, хиперинфлацијата и недостигот од храна по субвенционирани цени доведоа до значителна миграција, која, како што оцени Вернер во пост на својот блог, може да доведе до прелевање на кризата во соседните земји. (Крај)

извор: Макфакс фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest