milan-gjurcinov-640x359

Почина академик Милан Ѓурчинов

Скопје, 25. јули 2018 (Inpress) – Почина академик Милан Ѓурчинов , македонски есеист, критичар, книжевен историчар, антологичар.

Роден е во Белград 1928, но како што самиот велеше интимно е врзан за ова македонско поднебје и посебно за Охрид.

По татко потекнува од селото Јабланица, а мајка му е од познатото охридско семејство Мизови
Ѓурчинов беше професор на Филолошкиот факултет во Скопје, шеф на катедрата за славистика и покренувач и раководител на катедрата за компаративан книжевност, член на редакцијата на списанието „Разгледи“.

Тој беше и претседател на Советот на Струшките вечери на поезијата, член на МАНУ, на ДПМ и претседател на писателската асоцијација и на Македонскиот ПЕН центар.

Погребот на академик Милан Ѓурчинов ќе се изврши утре на Градските гробишта „Бутел“ во Скопје во 11:30 часот.

По повод смртта на академик Ѓурчинов, Македонската академија на науките и уметностите и Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје во Свечената сала на МАНУ ќе одржат заедничка Комеморативна седница во петок, 27-ми јули во 11:00 часот. (Крај)

извор: Макфакс фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest