dijabetes1-640x359

Се подобрува здравствената состојба на 14-годишното девојче од Охрид на КАРИЛ

Скопје/Охрид, 25. јули 2018 (Inpress) – Се подобрува здравствената состојба на 14-годишно девојче од Охрид со дијабетес кое во тешка состојба беше примено на Клиниката за интензивна нега во Скопје.

Надлежните институции на прес-конференција информираа дека неговата здравствена состојба е стабилна. Заменик – министерот за здравство Асим Муса смета дека вината е кај родителите, кои што го однеле девојчето на лекар дури неколку дена откако се вложила неговата здравствена состојба.

– Денеска јас бев и ја видов девојката која е на КАРИЛ, таа е стабилна, состојбата се подобрува, таа е при свест и при крајот на денот ќе биде интубирана. Сите три случаи се новоотирени, првпат отишле на лекар за нивната здравствена состојба и во матичните установи било откриено дека е дијабет, но согласно правилата бидејќи се деца, тие се испратени на Клиниката за детски болести, каде најстручно се третираат, рече тој.

Според првичните сознанија, детето неколку дена се чувствувало лошо, но не било однесено на лекар. Дури кога се влошила неговата здравствена состојба реагирале родителите и побарале помош во општата болница во Охрид, од каде било препратено на лекување во Скопје.

Детето спонтано дише, ќе биде во текот на денот интубирано и јас мислам дека ќе биде добро“, велат лекарите кои што се грижат з0 здравствената состојба на децата.

Според Муса, во болницата во Охрид детето било однесено од родителите. Тоа било првпат да побараат помош за детето кое имало тегоби поради дијабетот. Тогаш било откриено од што боледува и почнало медицински да се третира. Пропустот тој го лоцира кај родителите, кои го однеле детето на лекар кога состојбата веќе се влошила.

– Родителите неколку дена не го однеле детето на лекар, сакале да го носат, но детето одбило и дури кога се влошила состојбата го однеле“, додаде заменик-министерот за здравство. (Крај)

извор: Макфакс фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest