terenskadezinsekcija

Вечерва ќе се запрашува против комарци

Охрид, 26. јули 2018 (Inpress) – Согласно одлуката на охридскиот совет за спроведување на превентивна систематска дезинсекција на територијата на општината како општа противепидемиска мерка вечерва повторно ќе се спроведе дезинсекција против комарци.

Од Центарот за јавно здравје информираат дека третирањето ќе биде од земја во период од 21:00 до 06:00 часот, со апарат за ULV ладно запрашување.

Со дезинсекцијата ќе биде опфатено охридското крајбрежјето на потегот од село Подмолје до манастирскиот комплекс „Св. Наум“, територијата на град Охрид, како и потегот на реките Грашница и Коселска река.

За таа цел потребно е пчеларите и пчеларските задруги да ги превземат соодветните мерки за заштита на пчелите.

Во случај на појава на неповолни временски услови (ветар, дожд), дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден. (Крај)

извор: Inpress фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest