Hames-Rodrigez

И Хамес Родригез виновен за даночно затајување

Мадрид, 26. јули 2018 (Inpress) – Фудбалерот на Баерн Минхен, Хамес Родригез е најновиот фудбалер кој се изјасни за виновен за затајување данок и постигна договор со обвинителството на Шпанија, открива „Ел Мундо“.

Поранешниот играч на Реал Мадрид ќе мора да внесе во државната каса 11,65 милиони евра.

Колумбискиот фудбалер не го објави својот приход за имиџ правата во годината кога пристигнал во Реал Мадрид.

Хамес веќе внесе 12 милиони евра во шпанската каса, за да покрие дел од своите обврски, а ќе треба да доплати уште 11,65 милиони евра.

Родригез е уште еден играч на Реал Мадрид кој има проблеми со даночните власти во Шпанија. Лука Модриќ, Кристијано Роналдо, Анхел Ди Марија и Фабио Коентрао се само дел од играчите на Реал Мадрид, кои изминативе години имаа проблеми со даночните власти во Шпанија.

Ѕвездата на Барселона и на светскиот фудбал, Лео Меси исто така се изјасни за виновен за затајување данок и доби двегодишна условна казна затвор. (Крај)

извор: Канал 5 фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest